Во ЕУ минатата година зголемен бројот на барања за азил

Од:

Бројот на луѓе, кои аплицирале за азил во Европска Унија минатата година во услови на војна и конфликти ширум светот забележа значителен пораст.

Земјите-членки на ЕУ примиле околу 648.000 барања за азил во 2021 година, што е еднакво на една третина повеќе во споредба со претходната година, соопшти денеска Агенцијата за азил на Европската унија (ЕУАА)

Најголемите број на барања за азил, 117.000 се поднесени од државјани од Сирија, потоа 102.000 барања имало од Авганистанци, кои побегнаа од земјата откако талибанците ја презедоа власта во земјата минатиот август.

Според ЕУАА, околу 23.600 малолетни лица без придружба побарале азил, што е за две третини повеќе отколку во 2020 година.

Околу 70 отсто од апликантите биле мажи, а половина од сите апликанти биле на возраст меѓу 18 и 35 години.

Властите во земјите-членки донесоа околу 535.000 првостепени одлуки и прифатија околу едно од трите барања. Тие доделија статус на бегалец на 118.000 луѓе, а 64.000 добија статус на супсидијарна заштита. Германија добила најмногу барања за азил во 2021 година со 191.000, а потоа следат Франција, Шпанија и Италија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Третина од Украинците би се откажале од НАТО, петтина би се откажале од ЕУ

Трамп: Ќе воведеме царини од 25 отсто на увозот од Европската Унија

Горан Наумовски

ЕУ им нуди на Украинците сопствен договор, постои клучна разлика од тој на Трамп

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина