Украина доби заем од 770 милиони американски долари по повластени услови од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
– Благодарен сум на канадската вицепремиерка Кристи Фриланд за нејзината поддршка и сеопфатна помош за Украина во борбата против агресорите, напиша на Твитер украинскиот премиер Денис Шмигал.
Тоа се првите средства што Украина ги повлекува од специјалната сметка што ММФ ја отвори во април годинава со цел да им обезбеди на донаторите безбеден начин да ја насочат финансиската помош за Украина во форма на грантови и заеми.
Извор: МИА