На Брајан Кранстон, ѕвездата од серијата “Breaking bad”, понудена му е улогата на Лекс Лутор.
Тој за “DigitalSpy” изјави дека би бил воодушевен кога би добил улога на еден од негативците во филмот за судирот на двата супер херои.
„Само повикајте ме! Отсекогаш сум го сакал Лекс Лутор. Тој е несфатен, интересен лик”, вели Кранстон, кој се подготвува за стартот на последната сезона на хит серијата “Breaking Bad”.
Филмот “Batman Vs. Superman” премиерно ќе биде прикажан во 2015 година, а продуцентите моментално преговараат со Кристијан Бејл за неговото враќање во улогата на Бетмен.