ФХ3Х дел од екипата на „Перси Џексон: Море од чудовишта“

Од:

Во кината на Синеплекс од денеска започнува да се прикажува филмот ”Перси Џексон: Море од чудовишта” на чии визуелни ефекти работеше и екипата на македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х.

Кристијан Даниловски, ко-сопственик на ФХ3Х, која е веќе етаблирана на светско рамниште, за филмот изјави дека проектот е продолжување на нивната соработка со МПЦ Техниколор од Лондон и Ванкувер.

– Работата на Перси Џексон ни претставуваше предизвик и задоволство. Бидејќи станува збор за второ продолжение, визуелните ефекти треба да бидат поспектакуларни од првиот дел и мислам дека во тоа се успеа. Филмот е визуелен спектакл, изјави Даниловски.

Според синопсисот, со цел да го вратат нивниот безбеден рај, кој изумира, синот на Посејдон и неговите пријатели се впуштаат во потрага кон Морето на чудовишта за да го пронајдат митското Златно руно додека се обидуваат да го спречат појавувањето на античко зло.

Режисерот Тор Фројденхал, како и актерите во филмот, меѓу кои Логан Лерман, Александра Дадарио и Брендон Т. Џексон, овозможија публиката да ужива во авантурата и животот на митските ликови.

Со позитивни оценки за филмот и филмската критика.

Прикажувањето на „Перси Џексон: Море од чудовишта во Македонија доаѓа само една недела по светската премиера.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ