СЗО: Летните забави и концерти би можеле да резултираат со ширење на мајмунските сипаници

Од:

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди на можно ширење на мајмунските сипаници на фестивалите и другите поголеми собири планирани ова лето низ Европа.

„Потенцијалот за натамошно ширење на вирусот во Европа и на други места ова лето е голем“, изјави Ханс Анри Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.

Сепак, Клуге смета дека фестивалите и другите настани планирани за следните неколку месеци би можеле да бидат можност за „покревање на свеста и зајакнување на заштитата на поединците и заедницата“ кај младите луѓе кои се сексуално активни и глобално мобилни.

Клуге тврди дека досегашните истраги укажуваат на тоа дека епидемијата во Европа трае од средината на април. Гледано нумерички и географски, тоа е најголемото ширење на вирусот надвор од областите на Западна и Централна Африка каде што мајмунските сипаници се ендемски.

Клуге верува дека брзото ширење на мајмунските сипаници во Европа последните неколку месеци е помогнато со укинувањето на ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот. Иако поголемиот број претходни инфекции се поврзуваат со сексуална активност, Клуге нагласува дека секој може да биде заразен со вирусот.

„Бидејќи вирусот не се шири на ист начин како Ковид-19, немаше потреба од воведување мерки за заштита на јавното здравје како што беше случај за време на пандемијата на коронавирусот“, рече Клуге.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа