Овој невообичаен ѕиден часовник „Моцап“ го дизајнираше студиото „J.P. Meulendijks“.
Кога стоите пред овој ѕиден часовник, неговите броеви се јасни и видливи, но кога се движите околу него, вие ќе забележите дека тие полека се „топат“, се распаѓаат на неодредена бела дамка.
Инспириран со филмската технологија на снимање „slow motion“, оваа впечатлива оптичка илузија создава мали бели топчиња, кои се протегаат на различна оддалеченост од мат црната површина на шајки со иста боја и изгледаат како да лебдат во воздух.