Новиот јужнокорејски претседател вети економски план за денуклеаризирана Северна Кореја

Од:

Новиот претседател на Јужна Кореја, Јун Сук Јеол вети „храбар план“ за обнова на севернокорејската економија доколку Пјонгјанг се денуклеаризира.

Поранешниот јавен обвинител Јун Сук Јеол (61) денеска положи заклетва на церемонија пред парламентот во Сеул во шрисуство на илјадници луѓе.

Конзервативецот Јун победи на претседателските избори на 9 март со мала разлика, против лево-либералниот кандидат на владејачката Демократска партија, Ли Јае Мјунг.

Јун ќе отслужи петгодишен мандат и ќе го наследи Мун Џе Ин, кој исто така присуствуваше на положувањето заклетва.

Зборувајќи за време на церемонијата Јун ја обвини Северна Кореја дека ја загрозува безбедноста во регионот и пошироко со нејзината нуклеарна програма. Сепак, тој рече дека „вратата за дијалог ќе остане отворена за да може мирно да се реши оваа закана“.

Јун не објасни како би можел да изгледа тој план но рече дека ќе биде развиен во соработка со меѓународните партнери.

– Доколку Северна Кореја вистински почне процес за целосна денуклеаризација, ние сме подготвени да работиме со меѓународната заедница за да претставиме смел план што значително ќе ја зајакне севернокорејската економија и ќе го подобри квалитетот на животот на нејзиниот народ, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Двајца загинати, 12 исчезнати откако потона рибарски брод

ВИДЕО: Снимен моментот кога Северна ги разнесе патиштата што ја поврзуваат со Јужна Кореја

ВИДЕО: Големи поплави, лизање на земјиште и евакуации во Јапонија и Јужна Кореја

Северна и Јужна Кореја „разменија“ гранати: Војската на Ким Џонг Ун подготвена и за најмала провокација

А1он

ВИДЕО: Лидерот на опозицијата во Јужна Кореја избоден со нож во вратот

Јужна Кореја и се закани на Кина: Не може да се толерираат промени во Јужното Кинеско Море

Катерина Ѓуровски