Во Јужна Кореја денеска се уапсени две лица осомничени за откривање воени тајни на лице за кое се верува дека е севернокорејски агент.
– Ова е прв случај во кој е откриено дека активен офицер и цивил по наредба на севернокорејски агент оддавале воени тајни, соопшти полицијата.
Осомничените извршен директор на берзата за криптовалути и воен офицер откриле деталите за апликацијата во електронскиот систем на заедничката воена команда на Јужна Кореја. Тие се товарат дека примиле големи суми пари во замена за информации.
Идентитетот на севернокорејскиот агент не е утврден, а не се знае до какви информации имале пристап уапсените.
Извор: МИА