Американскиот претседател Џо Бајден ќе престојува во Јужна Кореја на 21. и 22 мај за да се сретне со новоизбраниот претседател Јун Сук-Јол, објави новинската агенција Јонхап.
– Јун ја поздрави планираната посета на Бајден за да разговара за соработката меѓу двете земји, Северна Кореја и други регионални и меѓународни прашања, рече неговата портпаролка Бае Хјун-Џин во соопштение.
„Овој состанок треба да биде историска пресвртница во натамошниот развој на сеопфатен стратегиски сојуз меѓу двете земји“, додаде Бае.
Средбата меѓу Бајден и Јун е закажана за 21 мај.
Извор: МИА