Мета: Мрачната прогноза на ММФ за економскиот раст на Албанија аларм за Владата, Собранието и општеството

Од:

Албанскиот претседател, Илир Мета, реагираше на извештајот на ММФ за прогнозата за економскиот раст во земјата, оценувајќи дека тој покажува колку е сериозно прашањето.

Ситуацијата, смета тој, претставува предупредување за владата, Собранието и општеството.

– Мрачната прогноза на ММФ за економскиот раст на Албанија за оваа година е сериозна загриженост и аларм за Владата, Собранието и целото општество. Се предвидува намалување од 2,5 процентни поени од 4,5 колку што беа очекувањата. Со стапка на раст од 2 отсто за оваа година и која може да бележи и понатамошен пад, Албанија има најнизок раст во регионот, кој може да деградира во економска стагнација, напиша Мета на објава на Фејсбук.

Според него бројките со намалување на очекуваниот економски раст од 2,5 отсто се пониски од намалувањето на глобално ниво за 2022 година, кое се очекува да биде само 0,5 отсто.

– Блокатори на економскиот раст на државата се финансирањето на непродуктивните инвестиции од буџетот, ниската ефикасност на инвестициите поради корупција, која ја нагризува нивната вредност, забраната за приватни инвестиции во енергетиката, монополизацијата на економијата и последиците од галопирачкиот раст на цените, констатира Мета.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст