Најмалку шест лица загинаа денеска во неколку експлозии во западен Кабул, јави новинската агенција „Пајхвок“, повикувајќи се на информации од полицијата, пренесува Бета.
Калид Задран од Дирекцијата за безбедност формирана од радикалните талибанци во Кабул, вели дека дека трите бомбашки напади се случиле во западниот дел на авганистанската престолнина, сите во близина на училишта.
Според локалната новинска агенција „Амај њуз“, рачна граната експлодирала во близина на едно од училиштата. Најмалку пет лица се повредени.
Се уште нема информации за причините за другите експлозии.
Приврзаниците на Талибанците ги спречуваат новинарите да известуваат за последиците од инцидентите, пренесоа агенциите. Тие од раце им ги одземаат камерите на новинарите и не дозволуваат претставници на медиумите да дојдат на местото на инцидентите.