Унгарската пливачка, Катинка Хосу постави нов светски рекорд на 200 метри мешано, на Светскиот куп во кратки базени кој се одржува во Ајндховен, Холандија.
Хосу во квалификациите во оваа дисциплина исплива во време од 2:04,39 со што ја потврди уште еднаш својата одлична форма и доминацијата во оваа дисциплина.
Унгарката на неодамна завршеното Светско првенство во Барселона освои два златни медала на 200 и 400 метри мешано.