Властите во Велика Британија, САД и Австралија денеска соопштија дека заеднички ќе развијат хиперсонично оружје како дел од нивниот безбедносен пакт АУКУС, кој има за цел да се спротивстави на растечкото влијание на Кина во регионот на Пацификот.
Хиперсоничните ракети, кои можат да достигнат пет пати поголема брзина од звукот, се побрзи и полесни за контрола од стандардните проектили, што го отежнува нивното пресретнување.
Во октомври 2021 година, САД успешно ја тестираа таа технологија што веќе ја користат Русија или Кина.
– Ние сме посветени на започнување нова трилатерална соработка во хиперсонични, контрахиперсонични и електронски средства за војување, наведуваат американскиот претседател Џозеф Бајден и британскиот и австралискиот премиер Борис Џонсон и Скот Морисон во заедничката изјава.
Тие, исто така, се согласија да ја „прошират размената на информации и да ја продлабочат соработката во областа на одбранбените иновации“.
Руските власти минатиот месец објавија дека употребиле хиперсонични ракети во Украина, а ова е прва позната употреба на вакво оружје во борбени услови.
Извор: МИА