Десетици илјади Тунижани излегоа на улиците во центарот на Тунис барајќи оставка на преодната влада, што е најголем протест од избувнувањето на политичката криза во Тунис пред две недели.
Според проценките на полицијата, синоќа на улиците излегле 40.000 луѓе, а опозициските лидери се повикуваат на локални медиуми, кои јавија дека на протестите биле меѓу 100.000 и 200.000 луѓе.
Секуларната опозиција, гневна поради убиството на двајца опозиционери и охрабрена од соборувањето на египетскиот исламистички претседател Мохамед Морси, се обидува да ја урне Владата во Тунис на чие чело се наоѓа исламистичката партија Енада.