Пет деца загинаа во петокот во јужен Авганистан при експлозија на миноф рлачка граната останата од војната во земјата.
Уште две деца се повредени во експлозијата што се случи во областа Марја во провинцијата Хелманд, објави новинската агенција Бахтар.
Во Авганистан останаа неколку милиони неексплодирани убојни средства и мини по децениската војна меѓу силите предводени од САД и талибанците, а најчести жртви на таквите експлозии се децата.
Извор: МИА