Американското Министерство за правда вчера покрена обвинение против еден од осомничените ивршители на нападот врз конзулатот на САД во либискиот град Бенгази на 11 септември 2011.
Во нападот беа убиени амбасадорот Кристофер Стивенс и други тројца Американци.
Тоа е првото обвинение во рамки на истрагата за нападот.
Според Си-Ен-Ен, обвинението е покренато против лидерот на исламистичката група „Ансар ал Шариа“ (Приврзаници на шеријатот).