Четири лица загинаа при денешниот судир на два јужнокорејски авиона за обука К-1.
Инцидентот се случил пет минути по полетувањето на првиот авион. Авионите се судрија и се урнаа на околу шест километри јужно од базата Сачеон.
Авионите се урнаа во оризово поле во Сакон, околу 300 километри јужно од Сеул.
Во леталата имаше по еден пилот и по еден инструктор.
Покрената е истрага за несреќата.