Компаниите „Парамаунт Пикчрс“ и „Скајданс Продакшан“ денеска соопштија дека следното продолжение на филмот „Невозможна мисија“ ќе го режира Кристофер Меквери.
Меквери ќе го режира филмот по сценарио на Дру Пирс, а Том Круз повторно ќе го толкува ликот на Итан Хант.
– Возбуден сум што повторно ќе соработувам со Крис, изјави Круз, кој ја играше главната улога и во претходното остварување на Меквери „Џек Ричер“.
– Го почнав продуцирањето на овие филмови со цел секој пат нов режисер, со сопствена визија, да синими по еден дел. Крис е исклучителен режисер, кој ќе донесе акција од која срцето силно ќе чука, што публиката ширум светот и го очекува од овој бренд, истакна Круз.
Меквери го напиша и сценариото за филмот што допрва треба да се појави во кината – „Edge of Tomorrow“ и за остварувањето „Валкири“ од 2008 година. Во двата филма Круз ја толкува главната улога.