Филмови за зомби и клишеа: Дали стигна времето за нови фори?

Од:

Ако сте гледале барем три или четири филмови за зомби сигурно сте забележале разни клишеа кои повторно и повторно се повторуват. Љубителите на зомби сигурно ова веќе многу одамна го забележале, пренесува „Блиц“.


1. Каде и да се наоѓате во моментот на наезда од живи мртовци, било во хотел, болница, црква, бензинска станица или подрум, секогаш покрај себе ќе најдете калашников, пиштол, катана, меч или барем секира…


2. Во речиси секој филм групата на преживеани чудесно наидува на напуштена куќа која е по можност без врата, со искршени прозорци, мрачна и им нуди на зомбиата околу милион начини слободно да влезат внатре… Во мал број нови филмови, куќата во прашина е заменета со подземни железници и трговски центри.


3. Уште од хорор филмовите научивме дека  најлошите места за криење се ормарот, под креветот, подрумот…. Зомби филмовите едноставно не сакале да ја прекинат традицијата. 


4. Група од четири или пет луѓе во еден момент секогаш, ама баш секогаш, мора да се разделат. Кога тоа некогаш донело добро? Четворица преживеани одлучуваат да застанат на бензинска пумпа… Еден точи гориво, друг оди во тоалет, трет одлучува да бара храна (секако, продавницата секогаш е застрашувачка и мрачна), додека четвртиот едноставно залутува, на момент заборавјќи дека секој момент може да остане без дел од телото. И што се случува? Оној несреќник кој точел бензин, настрадува веднаш по излегувањето од автомобилот, затоа што пријателите му предложиле за момент да се раздвојат. Многу паметно…


5. Никој од ликовите од филмовите или сериите за зомби никогаш не гледале некој филм за нив . Тоа може да се забележи по тоа што секогаш часови и часови се потребни пред ликовите најпосле да сфатат дека единствен начин да ги убијат е да им сместат куршум меѓу тие одвратни очи.


6. О не, моето момче е гризнато! И потоа 20 минути агонија на плачлива девојка која не би била во состојба да му ги скрати маките. Секако, после тоа се претвора во главна хероина која преку ноќ учи да ракува со оружје и не трепнувајќи се одлулчува еден по еден да ги реши живите мртовци.


7. Колку пати во сериите или филмовите сте ја слушнале онаа добра страна: – Ма не, не сум гризнат, тоа е само гребнатинка.


8. Војската е зла, ни порачуваат филмовите „Day of Dead“, „Survival of the Dead“, „28 дена подоцна“, „28 недели подоцна“. Војниците се тие кои сакаат да им ги силуваат жените и украдат продуктите. Според Џорџи А.Ромер и Дени Бојл, војската е собир на социопати, егоцентрици и идиоти без душа на кои не им е грижа што ќе се случи, туку им е важно да се главни.

Би можело да ве интересира

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

Критичарите воодушевени од новиот хорор филм: Го нарекуваат најстрашниот филм од „The Shining“

Предраг Петровиќ

Во Турција е забранет новиот филм на Даниел Крег со интимни геј сцени

Предраг Петровиќ

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Лијам Нисон призна дека Памела Андерсон му го освоила срцето: Лудо сум вљубен во неа

Предраг Петровиќ

Недела на романски филм во Кинотека: Проекции на филмовите на Пују, Мунџиу, Порумбоју и Жуде кои ја поставија Романија на мапата на светската кинематографија

Предраг Петровиќ