Полицијата во Тунис денес во градот Сиди Бусаид употреби оган и солзавец за да ги разбие демонстрации, кои што ги организираат противниците на исламистичката влада.
Очевидци за „Ројтерс“ изјавија дека полицијата отворила оган, откако демонстрантите се обиделе да го спречат гувернерот да влезе во градското собрание во Сиди Бусаид, местото на кое што започна народниот бунт во 2011 година, против лидерот Зин ел Абдин бен Али.
Опозицијата бара распуштање на владата и Уставотворното собрание, кое за само неколку недели треба да го заврши нацрт Уставот и новиот изборен закон.
Исламистичката партија Енахда, која заедно со другите сили ја предводи владата, одби да го отповика премиерот и да го распушти собранието, пренесе „Ројтерс“.
Елена Георгиевска