Холандскиот премиер Марк Руте денеска истакна дека Европската унија треба да биде внимателна кога воведува нови санкции за руските гасни и нафтени компании, бидејќи некои земји се уште во голема мера зависат од тие ресурси.
-Мораме да бидеме сигурни дека енергетската независност ќе обезбеди доволно гас и нафта во системот. Ова е многу важно за Холандија, Германија, Франција и источноевропските земји, изјави Руте по средбата со литванскиот претседател Гитанас Науседа.
„Мораме тоа да го направиме што е можно поскоро, но не можеме да го направиме тоа утре“, рече Науседа, додавајќи дека Литванија со децении инвестирала многу во енергетската безбедност и дека сега е подготвена за целосен бојкот на руската нафта и гас.
-Сега кога маските паднаа, време е да се продолжи напред во спроведување на одлуките што се апсолутно неопходни за да се направи Европа да се чувствува побезбедна, понезависна и поотпорна на надворешни шокови, додаде Науседа.
Извор: МИА