Десет руски дипломати, кои беа прогласени за персона нон грата, ја напуштија територијата на Бугарија.
Како што јави дописникот на МИА од Софија,Бугарија во март објави 10 руски дипломати акредитирани на нејзина територија како персона нон грата, давајќи им рок од 72 часа да ја напуштат државата. Предлогот за нивно протерување го дале бугарските специјалци и координирани со премиерот Кирил Петков. Минатиот петок заменик министерот за надворешни работи Васил Георгиев и врачи усна нота на руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова.
Споменатите вработени во Амбасадата на Руската Федерација на територијата на Република Бугарија извршиле активности неспоиви со Виенската конвенција за дипломатски односи. Руската амбасада во Софија соопшти дека одлуката на Бугарија да протера 10 руски дипломати е „уште еден агресивен чекор” на кој Москва ќе одговори. Руската амбасада во Софија исто така коментира дека „овој непријателски демарш наскоро ќе добие соодветна оценка и реакција адекватна на новиот дух на билатералните односи“.
Извор: МИА