За нешто повеќе од една година, за над 50 милиони долари, 198 Руси добија црногорско економско државјанство

Од:

Во периодот од 7 декември 2020 година до 15 февруари годинава, преку програмата за економско државјанство, усвоена од владата на Црна Гора – државата инкасирала повеќе од 73 милиони евра, од кои две третини или 50 милиони долари инвестирале руски граѓани, пишува подгоричка „Побједа“.

Според Центарот за граѓанско образование (ЦГО), Владата на Здравко Кривокапиќ доделила вкупно 317 почесни државјанства, од кои дури 293 се економски. Бидејќи програмата вклучуваше давање црногорско државјанство на странци, односно инвеститори, кои инвестираат меѓу 250.000 и 450.000 евра во Црна Гора, тоа значи дека државата за таа програма инкасирала меѓу 73 милиони и 250 илјади евра и 131 милион и 850 илјади евра.

Владата, се наведува, не соопштува за кои проекти добиле државјанства, а невладиниот сектор предупреди дека обичните граѓани немаат корист од тие пари.

Од 317 почесни државјанства, дури 307 ги предложи премиерот Здравко Кривокапиќ, а останатите 10 се непознати.

Со самото тоа што не се знае кој е предлагачот, се прекршува законот за државјанство, бидејќи според член 14 тоа можат да го направат само тројца претседатели: на државата, на Собранието и претседателот на Владата.

Владата додели најмногу почесни државјанства на луѓето кои доаѓаат од Русија – дури 198, а сите тие државјанства се дадени врз основа на економска програма – покажуваат податоците на ЦГО.

По Русија, најмногу „почесни“ граѓани доаѓаат од Кина – 19, потоа од Украина и Либан – по 14.

Девет почесни државјанства добија лица од Србија, Казахстан и Узбекистан, додека 45 лица од сите други земји на овој начин добија црногорски пасоши.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски