Бугарија нема да преговара со Газпром за обнова договор за испорака на гас

Од:

Во интервју за БНР, вицепремиерот и министер за финансии на Бугарија Асен Василев истакна дека во сегашната ситуација Софија нема да разговара со руската гасна компанија Газпром.

Според него постои алтернатива за рускиот гас и на Бугарија и се потребни три милијарди кубни метри.

-Испораки има од Катар и Алжир, но цената ќе биде малку повисока. Ова ќе биде паневропска стратегија, а не само бугарска. Во следните 1-2 недели ќе се разговара на европско ниво да се направи заеднички договор за гас за цела ЕУ и во него да нема конкуренција меѓу поединечните земји. Овој механизам се очекува да проработи во текот на летото, изјави бугарскиот министер за финансии и вицепремиер.

Договорот за испорака на руски гас за Бугарија истекува на 31 декември годинава, јави дописникот на МИА.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Се појави наводна снимка од рускиот напад на Украина со балистичка ракета

Катерина Ѓуровски