Гледаме неоправдано поскапување за ден-два кај одредени трговци, координирано со медиумско покривање. После тоа сè се смирува, изјави за БНР, бугарскиот вицепремиер и министер за финансии Асен Василев.
– Имаше слични сцени со маслото. Имаме информации дека вакви акции се подготвуваат за брашното и шеќерот. Тоа е медиумска хистерија која исчезнува за ден-два, рече тој.
Контактирана е Комисијата за заштита на конкуренцијата за бензинот, подготвуваме контрола и на маслото. Доколку не се активира брзо, ќе размислиме дали е тоа вистинскиот состав на ова тело, посочи Василев.
– Најважно за Владата е да обезбеди храна до 2023 година. Во моментов имаме двојно повеќе жито отколку што ни е потребно за да обезбедиме леб, брашно и сточна храна. Има голем притисок да се извезе сето ова жито. Ја правиме најдолгата можна процедура за верификација. Можевме директно да го забраниме извозот, како во Србија и во Унгарија, но тогаш штетата за производителите би била огромна, појасни вицепремиерот.
Предвидени се од 50 и 100 милиони лева за справување со бегалската криза. Очекуваме овие средства да бидат рефундирани од ЕК. Дотогаш имаме тампони на кои можеме да сметаме. Во моментов Владата покрива сместување и исхрана, но не е планирано да се даваат пари на рака на оние кои пристигнуваат во нашата земја, рече Асен Василев.
Извор: МИА