Нинова: Поради вештачка тензија има побарувачка и цените растат, ќе преземеме драконски мерки

Од:

Вицепремиерката и министерка за економија на Бугарија Корнелија Нинова за БНТ коментира дека се создава вештачка тензија и дека нема недостиг од стоки, но поради вештачка тензија има побарувачка и цените растат.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Нинова, има многу драстични случаи на шпекулации откриени при контроли во продавниците, и посочи три пати повисоки цени по кои трговците продаваат во однос на оние по кои ја купиле стоката. На пример, нафтата има производна цена од околу 3 лева (1,50 евра), а во продавниците достигнува 6 лева (3 евра).

Таа рече дека бугарските власти ќе преземат драконски мерки за ограничување на извозот и цените, што некои земји веќе ги преземаат во Европа. Нинова рече дека ова е предупредување за трговците кои сакаат да се збогатат за неколку дена на грбот на бугарските потрошувачи. Тоа не се репресивни мерки, тоа се мерки пропишани со закон, рече бугарскиот вицепремиер и додаде дека во некои земји од ЕУ има забрана за извоз на жито и нафта. Таа како пример ја наведе Романија, каде што веќе има слични ограничувања, а во Шпанија веќе е воведена горна граница на цените. Состојбата со цените во Бугарија ќе се нормализира, вети вицепремиерката.

Според Нинова, луѓето се крајно загрижени за цените и осиромашувањето, а според неа ова треба да биде водечката политика на бугарската Влада – како граѓаните на земјата со помали загуби да ја поминат оваа криза.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, причина за коментарот на вицепремиерката и министерка за економија Корнелија Нинова била веста за починат бугарски државјанин од Бургас кој бил на ред за масло во синџирот Кауфранд, кое било понудено за 3 лева (1,5 евро).

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?