На брифинг во бугарската Влада, вицепремиерката за ефикасно управување Калина Константинова, кој е раководител на Оперативната координативна група за планирање и организирање на акциите на државните институции за евакуација и сместување на украинските бегалци кои пристигнуваат во Бугарија, рече дека од почетокот на конфликтот во Украина во Бугарија влегле 69.735 лица, јави дописникот на МИА од Софија.
Од нив, 33.516 останале во Бугарија, од кои една третина се деца. Ваков бран луѓе кои бегаат од војна немало една деценија, во 2013-2015 година сириските бегалци достигнаа 21.000 за една година, додека сега има околу 70.000 за две недели.
Приоритет на бугарската влада е безбедноста, рече Константинова.
Бугарија испрати дополнителни шест конзули на границите на Украина со Молдавија и Романија за да се координираат со локалните власти за украинските бегалци кои пристигнуваат.
Во врска со финансискиот аспект на организацијата за прием на граѓани на Украина, таа рече дека се разговара за поддршка од ЕУ за земјите, а во моментов локалните власти ќе се потпрат на нивниот тековен буџет. Вицепремиерката Калина Константинова додаде дека бугарските општини имаат кризни планови кои треба да бидат организирани и спроведе според новиот пристап на државата.
Извор: МИА