Рускиот претседател Владимир Путин нареди истрага откако дозна дека регрути биле ангажирани во воената операција во Украина, спротивно на неговата наредба да не се прави тоа, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Според Песков, Путин наредил канцеларијата на главниот воен обвинител да ги казни одговорните за оние кои не ја почитувале претседателската наредба да не испраќаат регрути во Украина, туку професионални војници.
Портпаролот рече дека „факт е дека голем број регрути се присутни во воените единици во специјална воена операција во Украина“, јавија некои руски медиуми.
Извор: МИА