„Вијести“: Владата на Црна Гора за месец и половина доделила 43 почесни државјанства, најмногу на Руси

Од:

Црногорската Влада од 1 јануари до 15 февруари додели уште 43 таканаречени почесни државјанстви, соопшти денеска Црногорскиот центар за граѓанско образование (ЦГО).

Како што информира ЦГО, и во овој турнус на доделување најголем број од државјанствата, односно речиси две третини, ги добиле лица со руско потекло, пренесе подгоричкиот весник „Вијести“.

„Освен во случајот со три државјанства, за кои како причина за прием е наведен некој друг интерес, сите државјанства се даваат врз основа на економски или стопански интерес на државата, со повикување на Програмата за економско државјанство на Владата на Црна Гора“, се наведува во соопштението на ЦГО.

Весникот, исто така, дознава дека за 14, 5 месеци црногорската Влада доделила вкупно 317 почесни државјанства, односно речиси половината од сите такви државјанства што биле доделени во изминатите 14 години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Завршија руско-американските разговори во Истанбул

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Кремљ вели дека нема шанси за враќање на окупираните територии на Украина

Северна Кореја испрати повеќе војници во Русија за да се борат против Украинците

„Фајненшл тајмс“: Резолуцијата за Украина ги обединува САД, Русија и Кина против Европа

Нов состанок на Русите и Американците утре во Истанбул

Катерина Ѓуровски