Тренчевска: Економија на грижа – дел од социјалната реформа на државава, 600 корисници ќе добиваат грижа од 150 обучени негователи

Од:

Под слоганот „Силни жени-силни заедници“, денеска во Македонска филхармонија во организација на Министерството за труд и социјална политика, a во соработка со УНДП, швајцарската амбасада и Агенцијата за вработување, се одржа настан во пресрет на 8март-Меѓународниот ден на жената. Вклучувањето на жената во сите сегменти на општественото живеење, со посебен акцент на програмите за вработување на тешко вработливите жени во заедницата беше носечката тема на настанот.

Министерката Тренчевска потенцираше дека за да може едно општество да се декларира како демократско и современо треба да овозможи еднаков пристап и еднакви можности и на жените и на мажите за придонес кон развојот на општеството.
„Нашата цел е поддршка на сите жени, да креираме политики кои ќе значат подобрување на нивната положба. Жени претприемачки, жени од рурални средини, тешко вработливи жени, жени работнички, политичарки, жени домаќинки. Индивидуален пристап кон секој проблем, кон секоја специфичност со која овие жени секојдневно се соочуваат.
„Силни жени-силни заедници“, не треба да е само флоскула, туку преку конкретни активности и мерки вистински да се насочиме кон зајакнување на жените, а со тоа и на заедниците, на целото општество,“ рече Тренчевска.

Минатата година со Оперативниот план на активни програми и мерки беа пилотирани сет нови мерки кои во рамки на Програмата „Економија на грижа“ на жените им даваат можност да се обучат, да работат и истовремено да учествуваат во испорачување на социјалните услуги.

„Економијата на грижа станува дел од социјалната реформа во државата и претставува исчекор во социјалната агенда која има за цел решавање на прашањата на ранливата категорија на граѓани кои имаат потреба и од вработување, но и од нега и грижа. Истовремено, претставува и поддршка на процесите на деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги, со кои директна придобивка имаат граѓаните во својот дом, во своето место на живеење,“ рече Тренчевска.

Во рамките на двете пилот мерки, во исто време ќе се постигнат две многу важни цели: обезбедување нови вработувања и зголемување на вработливоста кај ранливите невработени лица, а во исто време и испорачување социјални услуги реализирани во локалните заедници.

„Верувам дека невработените лица кои ќе се вклучат во оваа програма на долг рок ќе бидат од голема корист за заедницата и ќе овозможат помош и поддршка на нивните сограѓани на кои таа им е најпотребна и со тоа ќе им го направат животот поубав и посреќен. Подадената рака на болните и изнемоштени лица нема цена. Агенцијата за вработување е горда што е дел од Оперативниот план и што заедно со своите партнери има можност да допринесе во подобрување на квалитетот на живот на корисниците на нејзините услуги,“ изјави директорот на АВРСМ Беким Мурати.

Активностите се во линија на Целите за одржлив развој на ОН, како и во линија со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост на ОН. ​
„Овој тип на социјални услуги директно насочени кон ранливите категории придонесуваат кон градењето издржлива инфраструктура на секое ниво промовирајќи инклузивни и одржливи сервиси на општ бенефит на сите. Граѓаните ги добиваат многу потребните социјални услуги директно во домот, а невработените добиваат одржливо и квалитетно вработување. Исто така, со оваа иницијатава директно ја преведуваме Конвенцијата за правата на лицата со попреченост во реален живот преку препознавањето на правата на лицата со попреченост во соодветен стандард на живеење и социјална заштита, “ потенцираше Армен Григорјан, постојаниот претставник на УНДП во државата.

Активностите се поддржани и од Швајцарската агенција за развој и соработка.

„Швајцарија ја промовира родовата еднаквост и женското зајакнување на секое поле многу години. Поддршката на развојот на овој сектор обезбедува нова можност не само за етичката вредност на економијата на грижа, но во исто време и економскиот бенефит за зајакнување на жените кои претставуваат огромен дел од работната сила во тој сектор, “ потенцираше Вероник Улман, амбасадорката на Швајцарија.

190 невработени лица ќе имаат можност да поминат верификувани обуки за неговател/ка – асистент/ка во неколку области, и со тоа потоа да се вработат во социјалните сервиси создадени и раководени од невладините организации – провајдери на услугата како партнери на МТСП и АВРМ.

Шест новоформирани невладини организаци денеска ги добија договорите со кои што и официјално стануваат дел од активностите за испорачување на социјални услуги на локално ниво. Со мерките, во првата година ќе се опфатат околу 600 крајни корисници на национално ниво, а ќе бидат отворени околу 150 работни позиции претежно за жени.

Исто така, со оваа нова иницијатива се создоа нови видови социјални услуги и за истите нови профили на занимања кои досега не постоеле како такви (асистент и неговател за лица со Алцхајмерова болест, асистент и неговател на лица со мултиплекс склероза, како и за други лица зависни од помош и поддршка од некој друг).

Програмите за вработување на ранливите групи преку економија на грижа ќе бидат дел и од новиот Оперативен план на активни мерки и програми за вработување 2022 година.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска