Јотова: Руската амбасадорка во Бугарија требаше да отиде во МНР, а не да испрати заменик

Од:

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова упати критики до руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јотова, не е во ред рускиот амбасадор да не даде објаснување до бугарското Министерство за надворешни работи.

Според неа, Митрофанова требало лично да отиде, а не да го испрати својот заменик. Таа го даде овој коментар во Казанлак, каде што започнаа церемониите по повод државниот празник на Бугарија – 3 март и крајот на руско-турската војна пред 144 години.

Јотова истакна дека треба јавно да се каже „стоп“ на војната во Украина, за која смета дека е цинична и се води на неколку стотици километри од Бугарија.

Таа нагласи дека војната е одамна планирана, а за неа нема никакво оправдување, нема аргументи.

– Не постои кауза што оправдува уништување и смрт на невини луѓе, на деца, на нова хуманитарна криза што се наѕира. Тоа ќе биде за целиот свет, изјави Јотова, додавајќи дека „одговорот на јавноста треба да биде силен, а не само со декларации“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија