Бугарија прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата за шпионажа

Од:

Бугарското Министерство за надворешни работи прогласи двајца руски дипломати за персона нон грата и им даде 48 часа да ја напуштат земјата, изјави на вонреден брифинг портпаролот на министерството Митко Димитров.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските специјални служби и Јавното обвинителство ја информирале министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска за собраните докази за разузнавачки активности извршени од руски државјани кои уживале дипломатски имунитет.

-Тие вршеле нерегулирани разузнавачки активности, неспоиви со нивниот дипломатски статус на територијата на Република Бугарија, изјави Митко Димитров.

Имињата на протераните руски дипломати не се објавени.

На претставникот на руската амбасада во Софија, Филип Воскресенски, му беа врачени две протестни ноти. Првата нота ја известува руската страна дека Бугарија прогласува двајца дипломатски вработени во руската амбасада во Бугарија за персона нон грата. Со втората нота, се известува, дека бугарското Министерство за надворешни работи остро протестира против објавите на веб-страницата на Амбасадата на Руската Федерација во Бугарија во кои тие ги навредуваат Бугарија и нејзините сојузници.

Бугарското Министерство за надворешни работи го опиша јазикот што го користи руската амбасада во Софија како некомпатибилен со дипломатската пракса и јавните норми и дека тие се јасна навреда за Бугарија.

– Софија инсистира руската амбасада веднаш да ги отстрани оваа објави и да се извини, изјави портпаролот на бугарското МНР.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Не се мешаме во претседателските избори во Романија

Русија доби 100 балистички проектили и пет милиони гранати за војната во Украина

Горан Наумовски

Дрон прелета над руската амбасада во Стокхолм: Падна боја во дворот на комплексот, полицијата започна истрага

Москва: Западот планира да ја окупира Украина и да го замрзне конфликтот со Русија

Горан Наумовски

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија