Руската амбасадорка во Софија одбила да го посети МНР поради новиот шпионски скандал

Од:

Шефот на кабинетот на бугарскиот премиер Лена Бориславова на брифинг во врска со новиот шпионски скандал со руски дипломат изјави дека руската амбасадорка во Бугарија Елеонора Митрофанова била поканета во бугарското МНР, но таа одбила да оди. Од разговорот со руската амбасада стана јасно дека на местото на Митрофанова ќе дојде заменик амбасадор, јави дописникот на МИА во Софија

Според Бориславова, бугарските специјални служби се во состојба на готовност од почетокот на војната во Украина. Таа одби да го открие името на рускиот дипломат, кој има информации дека се занимавал со шпионажа, како и колку долго престојувал во Бугарија. Де од бугарските медиуми објавија дека се работри за генерал Валентин Цанков, кој испорачувал тајни на НАТО и ЕУ во Русија.

Во моментов, бугарскиот премиер Кирил Петков лично го координира случајот со шпионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?