Краткиот игран филм „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“, во режија на Вардан Тозија се натпреварува во селекцијата за кратки филмови на престижниот фестивал „Мотовун“ во Хрватска.
По големиот успех и Гран при наградата за најдобар краток филм во Југоисточна Европа, „Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава“ се натпреварува за ново Гран при и за нов успех на македонската современа кинематографија.
Продуценти на филмот се Огнен и Иво Антов. Филмот е финансиски помогнат од Филмскиот фонд на Република Македонија.