Американскиот претседател Џо Бајден за денеска го свика Советот за национална безбедност, поради последните случувања во Украина, изјави претставник на Белата куќа.
Според извештај на Си-Ен-Ен, голем број високи функционери за национална безбедност веќе пристигнале во Белата куќа.
Си-Ен-Ен соопшти дека Бајден, кој претходно кажа дека светот „ќе побара одговорност од Русија“ за актуелниот напад во Украина, ќе претстави сет од санкции кон Русија.
Си-Ен-Ен додава дека по седницата на Советот за национална безбедност се очекува Бајден да ги соопшти новите мерки, што би можеле да значат отсекување на напредната руска технологија, нови ограничувања за големите финансиски институции и да воведат санкции за членовите на потесното опкружување на рускиот претседател Владимир Путин.
Извор: МИА