Полицијата во Отава соопшти дека вчера уапсила 47 лица и одвлекла околу 30 возила за да ги спречи камионџиите кои протестираа против мерките воведени за борба против коронавирусот.
Полицијата претходно со употреба на сила ги потисна демонстрантите кои ги блокираа улиците во канадскиот главен град, ја презеде контролата над камионите и го расчисти центарот на протестот пред Парламентот.
Десетици камиони заминаа под зголемен притисок, зголемувајќи ги надежите на властите дека ќе го прекинат тринеделниот протест против мерките за борба против коронавирусот во земјата и Владата на премиерот Џастин Трудо.
Властите ја презедоа контролата врз улицата пред зградата на Парламентот, која беше блокирана од демонстрантите со нивните камиони од крајот на минатиот месец и која за време на викендот ќе беше претворена во карневал.
– Ви рековме да заминете. Ви дадовме време да заминете. Бевме бавни и методични, а вие бевте нападни и агресивни кон полицајците и коњите. Врз основа на вашето однесување, ние одговараме со вклучување шлемови и палки за наша безбедност, соопшти полицијата на Отава на Твитер.
Извор: МИА