Вицепремиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ гостуваше на локална телевизија во Никшиќ, каде во исто време се одржуваа и демонстрации против промената на власта.
Група демонстранти, кои излегоа на протестот организиран од Демократска Црна Гора во Никшиќ, го чекаа Абазовиќ пред зградата на РТВ Никшиќ, каде што тој беше гостин.
Кога се појави Абазовиќ демонстрантите почнаа да скандираат „Предавство“ и „Ги зема парите Дритане“.
Блиската средба заврши неочекувано, бидејќи Абазовиќ се приближи до групата демонстранти и им скандираше и аплаудираше, објави движењето УРА на својата Фејсбук страна, пренесуваат црногорските медиуми.