Директор на училиште во Индонезија осуден на доживотен затвор поради силување на 13 девојчиња

Од:

Судот во Индонезија денеска осуди директор на интернат на исламско училиште на доживотна казна поради силување на најмалку 13 ученички, од кои некои останале бремени.

Директорот на училиштето за девојчиња во градот Бандунг, Западна Јава, Хери Вираван призна вина и им се извини на жртвите и нивните семејства во текот на судењето.

Вираван е обвинет дека во период од 2016 до 2021 година во училиштето, во хотелски соби или изнајмени станови силувал најмалку 13 ученички на возраст од 11 до 14 години. Наводно некои девојчиња останале бремени и родени се најмалку девет бебиња.

Полицијата на Западна Јава почна истрага и го уапси Вираван во мај минатата година, откако родители на едно девојче пријавиле дека нивната ќерка кога се вратила на распуст признала дека се породила.

Случајот беше обелоденет дури во ноември кога почна судењето.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници