САД одобрија продажба на 36 авиони ловци Ф-15 на Индонезија, соопшти Стејт департментот.
– Продажбата ќе ја зајакне безбедноста на важен регионален партнер, фактор на политичка стабилност и напредок во Индо-пацифичкиот регион, се наведува во соопштението.
Претходно Индонезија нарача 42 француски авиони ловци Рафал.
Извор: МИА