Претседателот на САД Џо Бајден предупреди сите Американци кои се останати во Украина веднаш да заминат од земјата.
-Заминете. Американските државјани треба да заминат веднаш, кажа Бајден во синоќешното интервју за телевизијата Ен-би-си.
-Ова не како да се справуваме со терористичка организација. Се справуваме со една од најголемите армии во светот. Ситуацијата е многу поразлична и работите можат да станат ненормални мошне брзо, изјави тој.
На прашањето дали постои сценарио во кое тој ќе испрати американски војници во Украина да спасуваат државјани на САД, тој одговори негативно.
-Не постои такво сценарио. Кога Американци и Русија започнат да пукаат еден на друг тоа е светска војна. Ние сме во многу поразличен свет од кога и да било, рече тој.
Стејт департментот синоќе излезе со соопштение дека САД „нема да можат да ги евакуираат државјаните на САД во случај на руска воена акција каде било во Украина“. Предупреди дека нормалната работа на конзулатот би била „силно нарушена“.
Според американски воени и разузнавачки оценки, руската армија може да започне сеопфатна инвазија на земјата со тенкови што можат да стигнат до Киев за 48 часа.
Бајден рече дека му кажал на Путин, „и тој знае за тоа“, Американците во Украина да не бидат третирани лошо во случај на руска окупација на земјата.
Извор: МИА