Германската министерка за надворешни работи во Украина

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска отпатува за Украина, што е нејзина втора посета на земјата во последните три недели, како дел од напорите за посредување во конфликтот со Русија.

Нејзината посета доаѓа на истиот ден со првото патување на германскиот канцелар Олаф Шолц во Вашингтон, во рамките на повеќедневната дипломатска офанзива од страна на Германија за деескалација на тензиите меѓу Западот и Москва.

– Ова не е за ништо помалку, туку за мир во Европа. Борбата за тоа со сета наша сила и одлучност мора да се исплати, рече Баербок пред заминувањето.

Таа ја повтори посветеноста на Германија за Украина како сојузник на Европската унија и НАТО.

– Заедно ќе одговориме со строги, многу конкретни мерки на секоја понатамошна руска агресија кон Украина, рече првиот шефицата на германската дипломатија.

Баербок требаше да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, но состанокот е откажан поради несогласување во распоредот, изјави член на нејзината делегација за ДПА.

Германската министерка го започна своето патување со посета на споменикот на Холодомор во Киев. Тој е потсетување за жртвите на големиот глад од 1932 и 1933 година во кој се смета дека починале најмалку три милиони луѓе.

Вечерва планира да посети воена болница во главниот град на Украина, која воглавно е финансирана од Германија.

Потоа, Баербок ќе отпатува за источна Украина, „каде за утре е планирана посета на линијата на фронтот“, информира ДПА.

Изво: МИА

Би можело да ве интересира

Песков: Неопходни се корекции на нуклеарната политика поради ескалацијата на тензиите

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Блинкен: Темелно го проучуваме украинскиот план за победа и размислуваме за дополнителни активности

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Блинкен: Треба да притискаме посилно врз Северна Кореја, Кина и Иран