Во последните 24 часа во Хрватска со ПЦР-тестови се потврдени 10.500 новозаболени лица, а со антигенски тестови се утврдени 6.375 нови случаи на инфекција, неофицијално дознава Јутарњи лист.
Денеска Хрватска има вкупно 16.875 нови случаи. Тестирани се 20.798 лица. Ова е мал пад во споредба со минатата недела, кога во земјата во истиот ден од неделата имаше вкупно 17.489 новозаболени лица, известуваат хрватските медиуми.
Во последното деноноќие починале 59 лица.