Откако компанијата „Дизни“ потврди дека филмот „Војна на ѕвездите 7“ ќе почне да се снима следната година во Велика Британија, почнаа да „протекуваат“ и информации за актерската екипа.
Магазинот „Латино Реив“ тврди дека продукцијата е во преговори со Рајан Гослинг и Зак Ефрон. Според истито извор, на Гослинг наводно му е понудено да го глуми синот на Скајвокер, додека Ефрон би можел да го толкува ликот на синот на Хана Соло.
Сепак, засега ништо не е официјално потврдено. Џеј-Џеј Ебрејмс, кој ќе биде режисер на продолжението на приказната, упорно одбива да ги открие актерите.