Папата Франсис кој е во повеќедневна посета на Бразил, денес ќе го благослови олимпиското знаме, ќе посети една сиромашна населба и ќе одржи говор пред милиони млади римокатолици на плажата Копакабана во Рио де Женеиро.
Папата, кој што е роден во Аргентина, исто така планира да одржи состанок со неколку илјади Аргентинци во една катедрала.
Поглаварот на римокатоличката црква во понеделник допатува во седумдневна посета на Бразил, по повод Светскиот ден на младите, што е негово прво патување откако е поставен на функцијата.
Елена Георгиевска