Резултати од хуманитарно движење на ИТ компании

Од:

Успешно го завршивме традиционалниот донаторски проект IT 4 Charity – 2021!

Концептот на хуманитарна активност за 2021 во кој  ИТ компаниите донираа средства за секој изминат зелен километар (физички активности како пешање, трчање и возење велосипед)  од страна на нивните вработени го затвараме успешно со обезбедени 20.135 евра наменети за поддршка на децата и младинците згрижени во СОС Детско село.

Донаторскиот проект IT 4 Charity – 2021 го подржаа

  • 15 ИТ компании
  • 528 вработени
  • Се поминаа 60906.58км пешки
  • Се извозеа 13973.69 км со велосипед
  • Се заштедоа 1946.89 CO2 честички
  • И се собраа 20.125 евра

Горди сме на овие 15 ИТ компании помогнаа во остварување на мисијата на СОС Детско село: Топол дом и грижа за секое дете!

 

*ПР текст