НАТО се подготвува за голема војна, тврди рускиот заменик министер за одбрана

Од:

Северноатлантската алијанса се подготвува за голем вооружен конфликт со Русија, изјави заменик министерот за одбрана на Русија, Александар Фомин.

Тоа го изјави на брифингот за воените аташеа и претставниците на странските амбасади акредитирани во Москва.

„Воената конструкција на блокот е целосно пренасочена кон подготовките за голем вооружен конфликт со висок интензитет со Русија“, посочи Фомин.

Тој нагласи дека во доктринарните документи на НАТО во последните години, на пример, во воената стратегија на НАТО за 2019 година, Руската Федерација директно „без никакво двоумење е претставена како главен извор на закани за безбедноста на коалицијата“.

Во исто време, Фомин потсети дека „Римската декларација се уште е на сила“.

„Во неа конкретно беше наведено дека Русија и Алијансата не се сметаат меѓусебно за противници. Оваа позиција беше потврдена на самитот на Советот Русија-НАТО во Лисабон во 2010 година“, додаде заменик министерот за одбрана.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Гранатирана е зграда на СБУ во која имало офицери на НАТО, досега се потврдени 15 починати странци

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми