Џозеф Бајден е првиот американски претседател кој заедно со сопругата Џил Бајден на бадник ги посети децата во болница во Вашингтон, кои поради здравствената состојба не можат да си одат дома за празниците.
Иако одамна е традиција првата дама на САД да ја посетува Детската национална болница за време на божиќните празници, доаѓањето на Бајден беше изненадување.
Тие на децата да им ја прочитале книгата „Ноќта на Олаф пред Божиќ“, пренесува Дејли Меил.
Пред читањето, Џозеф и Џил Бајден разговараа со пациентите и нивните родители.
Традицијата првата дама на САД да им чита приказни на пациентите во болница за време на Божиќ датира од времето кога прва дама беше Бес Труман.