Албанскиот премиер Еди Рама на средбата во рамките на иницијативата „Отворен Балкан“, по обраќањето на еврокомесарот за надворешна политика и добрососедство Оливер Вархеји, изјави дека постои воздржаност кај некои канцелари по прашањето за интеграцијата во ЕУ, како и дека Бугарија и Унгарија се обидуваат да се ослободат од името Балкан.
-Ви благодарам многу, комесаре Вархеји. Не знам дали разбирате, но, ја допревте слабата точка на сите, велејќи дека; „Јас сум од Балканот, иако сум од Унгарија“. Балканот ги вклучува сите, Грција, Унгарија, Хрватска, па дури и Турција. Не знам зошто Бугарија и Унгарија, како да не сакаат да се приклучат сега. Всушност, сите овие земји, овие луѓе, се обидуваат да се ослободат од името Балкан кој мислиме дека сега станува се попривлечен. Свесни сме за еден вид двоумење кај некои канцелари, но сепак имајќи ја целосната поддршка од американската администрација, некои членки на ЕУ, Франција, Холандија и вашата целосна поддршка во Брисел, нагласуваме дека ваша работа е да покажете што оваа иницијатива значи за интеграцијата, рече Рама.
Додаде дека иницијативата е отворена за сите шест членови на западната заедница и оти на нив останува да одлучат дали ќе станат дел од неа.
-Ние сме тука. Ќе продолжиме да одиме напред. Не можеме да останеме на место. Нема да се криеме. Оние кои сакаат Берлинскиот процес да оди напред мора да бидат дел од Отворениот Балкан. Отворен Балкан е за работа. Договорите што денеска ги потпишуваме говорат сами за себе, додаде тој.