Пронајден експлозив во бразилски храм кој ќе биде посетен од папата Франциско

Од:

Во гаражата на бразилскиот храм Национално светилиште на Госпоѓата од Апаресида, во близина на Сао Паоло, пронајден е експлозив. Предвидено е храмот да биде посетен од папа Франциско, кој од денеска е во седумдневна посета на Бразил.

Експлозивната направа била рачно изработена.

Папата Франциско на аеродромот во Рио де Жанеиро беше пречекан и од претседателката Дилма Русеф. Илјадници бразилски католици, странски верници и љупобитни Бразилци го поздравија папата, кој по улиците на Рио де Жанеиро се возеше во малиот сребрен „Фиат“ со отворен прозорец.

Потоа папата и Русеф имаа средба во палатата на гувернерот на сојузната држава Рио де Жанеиро, а стотици демонстранти протестираа пред палатата поради посетата на Папата.

Бразилската полиција со солзавец и водени топови го растера насобраниот народ. Најмалку еден демонстрант е уапсен, а еден фоторепортер е повреден.

Папата Франциско допатува во Бразил по повод Светскиот ден на младите, тоа е негово прво прекуокеанско патување откако стана поглавар на Католичката црква.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска