„Психосоматски импресии“ изложба на Панче Ѓоргиев

Од:

Од денеска до 31 јануари 2022 година во галеријата „Метаноја“ во Скопје ќе биде поставена изложбата „Психосоматски импресии“ на Панче Ѓоргиев.

-Овој опус на дела на Панче, кого го познаваме низ повеќедецениско творештво, пројавува безрезервно и беспоштедно разголување на душата. Ова е пример на мирувањето и раздвижувањето доведени до крајни граници. Парадоксот е ставен на драматичен тест. Контемплативниот и интровертен лик или образ на Панче, сета онаа воздржаност, притаеноста и економичноста со зборовите, на белите платна се изразени преку молњи и громови. Мирувањето на духот се манифестира преку раздвижување на раката на уметникот, вели рецензентот Коста Милков.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска